Света литургија во истоимената црква во Варош
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре (понеделник), во црквата „Св. Козма и Дамјан“ Варош – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. бесребреници Козма и Дамјан“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование.
Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. Биле родум од Мала Азија. Мајка им била христијанка и ги воспитала во Христовиот дух.
Се упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.
Публицитет.мк






