• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

Утре филмска проекција на „Евгенија Гранде“ во Охрид

јуни 28, 2022
in Филмољубие
Утре филмска проекција на „Евгенија Гранде“ во Охрид

Утре од 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи проекција на филмот „Евгенија Гранде“ на режисерот Марк Диген со Жосефина Жапи и Оливје Гурме во главните улоги. Филмот е со превод на македонски јазик а влезот е слободен. 
 
Еве ја кусата содржина на филмот: 
Феликс Гранде е господар на скромна куќа во Самир, во која живее со неговата жена и со ќерката Евгенија. Тие водат вообичаен и мирен живот. Неверојатната скржавост го спречува да ги согледа одличните прилики што и’ се укажуваат на ќерката за венчавка. Никој не смее да се доближи до неговото огромно богатство скриено од сите. Ненадејното пристигнување на внукот, сирак и пропаднат париски кицош, целосно го менува текот на животот на младата девојка. Љубовта и благородноста на Евгенија кон братучедот ќе предизвика неизмерно незадоволство кај таткото. Во заладени односи со ќерка си, тој е подготвен повеќе од кога било да жртвува сè за своето богатство, дури и сопственото семејство…
Дел од критиката се изјасни за филмот на следниот начин:  
Филм за еманципацијата на една млада жена, која е доста умешна и не е толку повлечена како што се чини. (Воаси)
Марк Диген додава одличен зачин на Балзаковската основа и тоа на префинет начин, со грижа за деталите и преку одличната изведба на извонредното актерското трио. (Фигаро)
Една извонредна филмска фотографија, која остава впечаток на амбиент на фламандско сликарско платно, помеѓу златесто топли нијанси и темни бои на простории кои изгледаат дека се лошо затоплени и со минималистичко уредување. (Телерама)

 
 

Посетеност: 156
Share
Previous Post

Во КИЦ “Култура365” во Охрид се одржа Комеморативен настан во чест на А.ден Доолард

Next Post

Утврден стартот на работите на автопатните правци Тетово – Гостивар – Букојчани, Требеништа – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола

Next Post
Утврден стартот на работите на автопатните правци Тетово – Гостивар – Букојчани, Требеништа – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола

Утврден стартот на работите на автопатните правци Тетово – Гостивар – Букојчани, Требеништа – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 156

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk