• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Утврден стартот на работите на автопатните правци Тетово – Гостивар – Букојчани, Требеништа – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола

јуни 28, 2022
in Тикер
Утврден стартот на работите на автопатните правци Тетово – Гостивар – Букојчани, Требеништа – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола

Владата на Република Северна Македонија на денешната 55-та седница ја донесе Уредбата за методологијата за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2023 година.

Согласно уредбата, Министерството за финансии подготвува пресметки на распределба на приходите од данокот на додадена вредност наменети за општините, при што средствата од дотацијата се распределува на фиксен дел во износ од 3 милиони за сите општини и Градот Скопје и променлив дел кој се распределува според математичка формула во зависност од бројот на жителите во општината, површината на општината, бројот на населени места во општината.

Со уредбата за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2023 година се остварува континуитет во придобивките од фискалната децентрализација за  дополнителна финансиска самостојност и ефикасност на локалните самоуправи за да бидат поблиску до граѓаните и за повисок степен на економски развој на локалните заедници.

На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за одржаната втора седница на Комитетот за преговори за склучување на Договор за градење на Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, на којашто е формиран тимот за експропријација предводен од Министерството за финансии и во којшто се вклучени претставници за ефикасно спроведување на овој процес.

Согласно оваа информација, Владата го задолжи Јавното претпријатие за државни патишта во рок од 10 дена да формира Проектна единица за спроведување на проектот, којашто е предвидена со Договорот за градба со стратешкиот партнер „Бехтел и Енка“ за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп – Битола).

Почетокот на работите на овие автопатни правци е предвиден за август и септември оваа година.

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со иницијативата за склучување на Меморандум за разбирање за електронска размена на податоци помеѓу Царинската управа на Република Северна Македонија и Независниот орган за јавни приходи (НОЈП) на Република Грција и го прифати усогласениот текст на Меморандумот.

Со овој Меморандумот за разбирање, во согласност со законодавството на ЕУ и националните законодавства од областа на размена на податоци, се овозможуваат мерки за олеснување на патниот сообраќај на Зелените коридори, мерки против царински измами, забрзување на царинските постапки, како и намалување на потребните документи и царински контроли.

Публицитет.мк 

Посетеност: 97
Share
Previous Post

Утре филмска проекција на „Евгенија Гранде“ во Охрид

Next Post

Денес им е роденден: Климент Наумов

Next Post
Денес им е роденден: Климент Наумов

Денес им е роденден: Климент Наумов

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 97

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk