Пријатели и љубители на пишаниот збор, ве покануваме на седмото по ред издание на “Имам нешто да ти кажам” vol.7!, вели Јован Цветкоски од НАТГ „Аматер“ кој заедно со пријателите стои зад овој интересен и несекојдневен настан во Охрид.
-Овојпат позачинето издание, покрај стандардните авторски песни кои повторно ќе бидат на репертоар, вклучуваме и песни на тема од најпопуларната тв серија на сите времиња – Game of thrones!
Open mic едицијата ќе функционира на начинот на кој секој еден од публиката за време на настанот може да се пријави за учество со песна напишана во моментот на инспирација.
На крајот од Open Mic, оној што ќе добие најмногу аплауз, добива и пијалок по сопствен избор. Може да се пријави кој сака. Се гледаме, порачува Цветткоски.
Публицитет.мк