Утревечер во Дом – Галеријата „ Резонанса“ од 21 часот ќе биде промовирана Монографијата за ликовниот уметник и поет Драган Спасески – Охридски.
Автор на монографијата е еминенетниот историчар на уметност Дејан Ѓориќ од Белград – Србија кој пишува за сликарството на Охридски . По неговиот воведен текст „Охридска Мадона“ е насловена и монографијата во чие создавање како ко-автор се појавува проф.д-р Кристина Николовска која опсежно се осврнува на поетското творештво на д-р Драган Спасески – Охридски. Нејзиниот текст носи наслов: „Поетската светлина на Охридски“ .
Промотор на книгата ќе биде Зорица Лајпур – Богданоски, а издавач на монографијата е „Матица македонска“ од Скопје.
Публицитет.мк