Интервјуто е дел од Проектот „Роднокрајни автори“ реализиран во соработка со НУ Библиотека „Григор Прличев“ снимено пред околу 5 години.
Во него има простор токму за неговиот живот и свет.
Директен повод интервјуто премиерно да се најде на „Публицитет.мк “ е фактот што во далечната 1957 година токму Видое Видически го основал и бил прв директор, новинар и спикер на локалната радиостаница Радио Охрид.
Институција или хроничар на градот која со невиден леснотија згасна ова лето.
Да опстанеше во етерот радиото со добро познатото авизо „Билјана платно белеше“ и она: „Зборува Радио Охрид“ на 7 ноември ќе влезеше во 60 година од постоењето.
За радиото, поезијата и прозата, за пријателствата, дружењата, за ликовите од неговите романи ќе слушнете утревечер во едночасовното интервју со Видое Видически.
Автор и водител: Милчо Јованоски