Здружението на дијабетичари од Охрид утре – понеделник ќе организира заедничко – едукативно дружење на дијабетичарите и заинтересираните граѓани на тема: „Шеќерната болест и компликациите од очни заболувања“
Предавачи ќе бидат: д-р Фанка Гилевска – специјалист офталмолог и д-р Александра Гочева Јерчиќ од болницата СИСТИНА од Скопје и Битола.
Присутните ќе имаат можност да поставати прашања а ќе добијат бесплатно мерење на очен притисок и мерење на шеќер во крвта.
Предвањето ќе се одржи во хотел „Милениум“ – Охрид со почеток во 12 часот.
Мирјана Мијалкова, Публицитет.мк