• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, октомври 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Бесплатно предавање „Договор за тестамент, подарок, доживотна издршка“

февруари 10, 2018
in Тикер
Бесплатно предавање  „Договор за тестамент, подарок, доживотна издршка“

Предавањето ќе се одржи утре 12 февруари во 11:30 во Охрид и во 14:00 во Струга. Наменето е за сите граѓани од Охрид, Струга, Вевчани и Дебарца над 60 години и нивните фамилии.

Предавач ќе биде Адвокат Оливера Доцевска, од Скопје, со 17-годишно работно искуство во обаста на правото и човековите права и слободи, 10-годишно работно искуство како адвокат, специјалност човекови права, кривично право, имотно – правни односи и управна постапка, магистрант меѓународни односи и дипломатија, активист за човекови права и Претседателка на организација за човекови права и слободи Јустиција, поетеса, преведувачка,анализа на политики, колумнистка.

Ќе говори за аспектите на заштита на имотот и личноста при располагање со имотот со –  тестамент, договор за подарок и договор за доживотна издршка

Местата се ограничени, доколку сакате да учествувате на предавањето ве молиме јавете се за да ви обезбедиме место на 077 855 155 (за Охрид) и 077 817 432 (За Струга)

Во текот на март и април ќе организираме викенд работилници за здраво готвење, и јога часови за витално стареење. Бидејќи местата се ограничени, доколку сакате да учествувате, ве молиме пријавете се на дадените телефони.

Оваа активност е дел од под-проектот „И старите можат“ кој е спроведуван од Локалната агенција за развој до Струга која е членка на  Мрежата Инклузива М за социјална инклузија на старите лицата од трета доба во Република Македонија од 2016 година. Под-проектот се спроведува во рамки на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица” поддржан од од Европската унија, со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој и Австрискиот црвен крст, кој Црвениот крст на РМ во Македонија го спроведува во заедничко партнерство со здружението Хуманост.

Публицитет.мк

Посетеност: 106
Share
Previous Post

„Мојот живот, мојот свет“: Симон Карамешиноски

Next Post

Утре во х.„Милениум“ бесплатно предавање на тема: „Шеќерната болест и компликациите од очни заболувања“

Next Post
Утре во х.„Милениум“ бесплатно предавање на тема: „Шеќерната болест и компликациите од очни заболувања“

Утре во х.„Милениум“ бесплатно предавање на тема: „Шеќерната болест и компликациите од очни заболувања“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 106

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk