Наташа кусо вели: – Верувам во физичко докажување на нашиот Универзум, а тоа се постигнува само со акција… Всушност не кажувај- покажувај, не зборувај – делувај…
Ќе слушнете нејзини сеќавања за детството, наставниците другарите од основно, средно и факултет па се’ до патот до стоматологијата преку ракометот, играорната и мигот кој ја натерал да го засака и облагородува сликарското платно. Попатно зборувавме за семејството, нејзината ѕвезда водилка синот Лука, за тоа дека сака да го научи да биде космополит, за драгите луѓе околу неа, студиите започнати во Софија, завршени во Скопје. За менаџирањето на ординацијата која ја дели со братот Лазар и маркетот наследство од татко и’ кој е уште тука а тие го продолжуваат бизнисот. Наташа на свој начин зборува за страста кон патувањата, откривањето на нови места и луѓе. Интересни се нејзините одговори на стандардни прашања за среќата и тагата, дали и колку сака музика и што би сакала да ни каже на пример на следната средба по пет години.
Утре по 23 часот на Публицитет.мк – животот и светот, желбите, надежите и очекувањата на Наташа Попоска – Карче.
Водител: Милчо Јованоски, Публицитет.мк






