Вечерва ќе биде промовирана книгата „Петар Чаулев – син на ВМРО“ од Доц. д-р Никола Митровиќ – Бабе од Охрид.
– Книгата претставува согледување на револуционерниот од на охридскиот војвода Петар Чаулев. Човек кој заедно со Александар Протогеров и Тодор Александров бил дел од ЦК на ВМОРО и ВМРО и една од централните фигури во македонското револуционерно движење.

Во неа се содржани и прикажани различни историски премрежја, како и начинот со кој Петар Чаулев се справува со револуционерните предизвици. Книгата расветлува досега непознати факти за Чаулев , за неговиот живот, семејство, револуционера борба се’ до неговото убиство, но и потоа.
Промоцијата на книгата е вечерва од 19 часот во спомен куќата на Христо Узунови и се совпаѓа со 92 годишнина од убиството на Петар Чаулев во Милано – Италија, вели д-р Митровиќ – Бабе.
Публицитет.мк






