Д-р Томе Груевски, професор по комуникологија и односи со јавноста на студиите по новинарство, медиуми и комуникации на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Нема студент кој во последниве 30 години не го познава и не бил во контакт со него.
Со Томе Груевски зборувавме отворено за професорството, комуникологијата и односите со јавност. Како што тој ни рече тоа е мојата препознатливост. Генерации новинари, некогашни негови студенти сега дел од РТВ станици низ Македонија и денеска Груевски ги смета за свои деца.
Ќе остане запишано во историјата дека токму д-р Груевски е основоположникот и човекот кој ги воведе односите со јавност како дисциплина во македонското високо образование.
Во „Мојот живот, мојот свет“ снимена во „Аквариус“ во средината на октомври, годинава д-р Груевски зборува за себе, за деството минато во Смилево и Битола, за студентските денови и првите ангажмани во ревијата Журнал, потоа Млад Борец и Студентски збор.
Понеделник – 26 ноември по 21 часот.
Автор и водител: Милчо Јованоски
Публицитет.мк