Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ и оваа година го одбележува Светскиот Ден на Ретки Болести – последниот ден од месец февруари.
Во рамки на Националната Алијанса за Ретки Болести на Р. Македонија, а предводени од кампањата на ЕУРОРДИС (Европска Организација за Ретки Болести) и под мотото „Придружете ни се за да се слушне гласот на ретките болести“ Здружението за ретки болести со подршка на повеќе институции, здруженија, поединци реализира низа активности насочени кон промоција и информирање на јавноста за лицата заболени од ретки болести и начинот за помош и поддршка на истите.
Како централен настан се планира одржување на атлетски крос по кејот на Охридското Езеро, на кој учество ќе земат ученици од ОСУ Св.Климент Охридски Охрид и другите училишта во Охрид, со што ќе дадат своја поддршка на лицата заболени од ретки болести.
Стартот на атлетскиот крос ќе биде утре – понеделник во 12 ч. од Холандскиот парк (кај мостот Билјанини Извори).
Публицитет.мк