• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Утре во охридската библиотека два настани заедно – изложба на слики и фотографии и одбележување на Светскиот ден на мирот

септември 20, 2022
in Култура
Утре во охридската библиотека два настани заедно  – изложба на слики и фотографии и одбележување на Светскиот ден на мирот

Утре во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде отворена изложба на цртежи во арапска техника од Верче Андонова  и изложба на фотографии под наслов „Мојот црно – бел свет“ од Невенка Митева. 

-Проектот е дел од Годишната програма на НУ У Библиотека „Гоце Делчев“ од Штип а поддржан од Министерството за култура, вели Соња Манева библиотекар  координатор на проектните активности „Книга мост на пријателство“ и „Книга до изнемоштени и инвалидизирани лица“од Штип.

По изложбата со заеднички настан ќе биде одбележан и 21 Септември – Светскиот ден на мирот.

 НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид, уметникот, хуманитарец и кандидат за Нобеловата награда за мир Живко Поповски – Цветин заедно со ученици и наставници од ООУ „Братство – Единство“ организираат  „Цветна штафета на мирот“. 

Идејата за организирање на „Цветната штафета“ е токму на Живко Поповски – Цветин кој речиси целокупното свое творештво изминатите три и пол децении го има посветено на цвеќето и на сопствената мисија со основната порака: „На светот му се потребни: мир, храна, солидарност, љубов…“

Поповски досега има подарено на 55 илјади слики „Цвеќе на мирот“ на државници, политичари, поети, музичари, нобеловци, студенти и ученици, артисти, спортисти и разни хуманитарни организации и здруженија. Организирал и над 300 изложби на сите континенти.

Поповски е првиот македонски сликар чија ликовна изложба беше претставена на Интернет, под наслов „52 Цвеќиња на мирот за 52 години на ООН“ во 1997 година, по повод годишнината на ООН. Во 2009 година тој беше кандидат за Нобелова награда за мир, кога од 205 кандидати, беше меѓу првите петмина во потесен избор.

На настанот во Библиотеката ученици ќе читаат сопствени творби или песни од други автори посветени на мирот а заеднички ќе ја прочитаат пораката за мир на македонски, албански и турски јазик и симболично ќе пуштат балони  со надеж дека на свој начин ќе придонесат за мир во светот.

Публицитет.мк 

Посетеност: 120
Share
Previous Post

Филмот „Улиште“ на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“-Охрид.

Next Post

Владата за три месеци го продолжи замрзнувањето на маржата на основните прехранбени производи

Next Post
Владата за три месеци го продолжи замрзнувањето на маржата на основните прехранбени производи

Владата за три месеци го продолжи замрзнувањето на маржата на основните прехранбени производи

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 120

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk