• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Владата за три месеци го продолжи замрзнувањето на маржата на основните прехранбени производи

септември 20, 2022
in Тикер
Владата за три месеци го продолжи замрзнувањето на маржата на основните прехранбени производи

Владата денеска, донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со што продолжува да важи Одлуката за определување на највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало за следните три месеци, односно до 31 декември 2022 година.

Тоа значи дека останува да важи замрзнувањето на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и на големо.

Одлуката се носи заради потребата од ограничување на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, како и поради тоа што состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани.

На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата на мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и берзанските цени, како и растот на производствените трошоци.

Висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на леб бел; сечен на парчиња или цел, бел шеќер и сончогледово масло за јадење се утврдува во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало.

Висината на трговската маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% млечна маст и јајца се утврдува во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

Публицитет.мк 

Посетеност: 102
Share
Previous Post

Утре во охридската библиотека два настани заедно – изложба на слики и фотографии и одбележување на Светскиот ден на мирот

Next Post

Премиерот Ковачевски присуствуваше на отворањето на Генералното собрание на ООН во Њујорк

Next Post
Премиерот Ковачевски присуствуваше на отворањето на Генералното собрание на ООН во Њујорк

Премиерот Ковачевски присуствуваше на отворањето на Генералното собрание на ООН во Њујорк

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 102

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk