• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Валентина Неловска 10 години „Печат“ на ТВМ

ноември 12, 2015
in Култура

Новинарката Валентина Неловска цели десет сезони со многу љубов и посветеност ја уредува  и води  емисијата „Печат“ на регионалната ТВМ од Охрид.

Во најавата за нејзината емисија на Интернет страницата на ТВМ стои: – Авторот и уредник, Валентина Неловска ги дочекува луѓето кои оставиле белег со своето живеење.  Луѓето кои ги бележат и чуваат настаните од заборав. 

Темите се најразлични, од минатото па се до секојдневието.

Тоа беше директен повод да разговараме со неа за тоа како течат снимањата, беше ли свесна на стартот дека ќе дотурка толку далеку со емисијата, која сега слободно можеме да ја наречеме култна ,барем за овие наши простори. „Печат“ всушност е потрага по минатото и животот во него, иако, како ТВ формат во неколку наврати се менуваше нејзиниот начин на презентација.

-Драго ми е што ме препознаваат по оваа емисија. Се пронајдов себеси и мојот сензибилитет и покрај напорното темпо со кое работам, паралелно во информативната редакција на ТВМ и на оваа телевизиска емисија која морам да признам бара концентрација, енергија, потрага по животни приказни и копање по податоци, вели во интервјуто за „Публицитет.мк“ .

Во него Неловска ни зборуваше за себе и контактите со нејзините соговорници, за темите кои наскоро ќе се најдат во „Печат“ како и за оние емисии кoи останале во архивата, ама оставиле трага пред се’ кај гледачите.

На прашањето колку емисии се зад неа?, таа со насмевка ни рече дека ги броела до 150 а потоа престанала. Валентина ни рече дека го открива минатото и го става во видео трезорите на телевизијата во која работи, но дека повеќе од се’ го сака мигот, долгите прошетки крај езерото и градот во целина.

 

М.Јованоски, Публицитет.мк

Посетеност: 112
Share
Previous Post

Премиерот Груевски во Охрид – Поставен камен темелник на затворениот пливачки базен…

Next Post

Смиле Наумоски: Уживам во светот на книгите со најмладите читатели

Next Post

Смиле Наумоски: Уживам во светот на книгите со најмладите читатели

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 112

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk