Меѓу добитниците на наградите се: Маја Оџаклиевска за трајни вредности, таква награда ќе примат и „Нови фосили“ а наградата за животно дело годинава е резервирана за Октетот „Македонија“.
Глевен „виновник“ и за годинашното издание е Ранко Бубамара радио. Еве што напишале на официјалниот сајт на манифестацијата која секоја година публиката ја чека со нетрпение:-ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и ПОДОБАР ЖИВОТ, доаѓа 21 издание на Златна БУБАМАРА, кое не смеете да го пропуштите. Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено ни преостанува – добра забава!
Ја затворија Универзална, ни го затворија Метрополис – ни остана само уште БОРИС!
Затоа излезете од општествениот притвор и отворете ги портите за многу подобар живот!
Златна Бубамара ќе се оддржи за последен пат оваа година и за прв пат во Вип Борис Трајковски.
Дојдете заедно да аплаудираме, пееме и да се насмееме со најпопуларните ѕвезди од Македонија и Западен Балкан.Патни трошоци не ви признаваме, а за другото че разговараме, дискутираме, дебатираме.
И да знаете колку и да трае – ЧЕ СИ СЕДИТЕ!! Музичкиот спектакл ќе се оддржи на 22.февруари, а традиционално – сценариото, наградените и учесниците се наше дискреционо право.
Публицитет.мк