Вчера во ОУ ,,Блаже Конески” во Велес, се одржа 55- от Државен натпревар на младите техничари и природници од Македонија.
Меѓу 350 најдобри ученици од целата држава, десет ученици беа од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид.
Тоа се: Надица Велјаноска, Љубица Јованоска, Елена Колевска, Владимир Вељаноски, Маја Наумоска, Борче Исакоски, Евгенија Стојаноска, Ивана Пројческа, Михаил Жупан и Атина Рувинова. Најуспешна беше ученичката Ивана Пројческа која се закити со сребрен медал во областа Астрономија.