• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Македонски-Незаборавни

Верица Пандиловска: Како се случи нумерата „Кучкин син“

декември 15, 2017
in Македонски-Незаборавни

Верица Пандиловска, Сте се прашалe  каде е, што прави?

И бидејќи најчесто случајните случки , случајно се случуваат неодамна во Охрид по можеби десет години потписникот на овие редови пак се сретна со некогаш популарната Верица Пандиловска која  тврди и уверува а ние според постапките кои ги прави и веруваме дека никогаш не заминала од музиката, затоа што таа е нејзиниот живот.

Со Верица Пандиловска разговара Милчо Јованоски 

 capture 20171215 231011

Последните седум години Верица се занимава со менаџмент. Долги години беше Извршен  директор на Цептер Интернационал за продажба во Македонија. Што за неа било големо искуство. Последнава година ипол таа е дел од Европскиот институт за менаџмент,право и демократија во Скопје. Таму е ангажирана како асистент на проф. Зендел Абедин Шехи а работи и како пи-ар и маркетинг менаџер  во институтот. Во шега вели дека решила исклучиво да се бави со наука.  

image 0 02 05 60a7c40334485bfe58396a72efc4b60686d69670a64d2ab66457c6f1a2f8489c V

На 6 март годинава Верица го издаде вториот солистички албум под наслов „Само за тебе“. Носачот на звук содржи 10 нумери.

 

Во златните времиња на македонската забавна музика од 90 од минатиот век до 2014 година  комплетно живеела од и за музиката. Пандиловска беше и остана врвен професионалец. Аудио снимка, професионални фото сесии и секако како краен продукт видео спот. Таа не потсети само на неколку нејзини големи хитови. Паралелно со второто ЦД Верица издаде и ДВД со сите нејзини досегашни високо буџетни снимени спотови се до последниот за темата: „Нема да остариш“.

Кога ја прашавме како настана песната „Кучкин син“? Таа ни рече дека тоа е добро прашање и ни призна дека кога ја добила од комплетниот нејзиниот хит мејкер Тоше Поп Симонов во првиот момент не сакала да ја пеее. Причината за тоа а можеби и за ова време  експлицитниот наслов и текст.

Тоше само и рекол еве ти ја мелодијата и текстот оди дома, размисли и кажи ми.Ова е за тебе специјално напишано. И така било цела ноќ мислела и сепак одлучила да ја пее. Од оваа дистанца и ние и таа е среќна што ја отпеа а своевремено „Кучкин син“ беше голем хит,а и денес остана во вечно зелените мелодии.

 capture 20171215 230713

Но не застанавме тука со Верица Пандиловска разговаравме и за други нешта сврзани со нејзината кариера, фестивалите, професионалноста и меѓу другото и за музичката семејна лоза. Слушнете, видете, прочитајте.

Публицитет.мк

 

Посетеност: 132
Share
Previous Post

Општина Охрид дел од програмата за родова еднаквост на ООН

Next Post

Заев и Рама од Поградец прогласија ново поглавје во соработката на двете држави

Next Post

Заев и Рама од Поградец прогласија ново поглавје во соработката на двете држави

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 132

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk