За неполна година од формирањето Академијата за убави уметности од Вевчани ги дава првите плодови.
Одделението за историја и литература неодамна ја издаде и промовира книгата „ Вевчани – историја – Вевчанци од магистер Илија Каланоски.
„Публикацијата има за цел да направи што посеопфатен приказ на изминатите три милениуми во кои вевчанскиот крај преживувал целосна преобразба и сестран историски,стопански, образовен и културен развој,“ вели во предговорот м-р Каланоски.
„Академијата активно и паралелно работи на уште неколку проекти и резултатите ќе бидат видливи за брзо“, вели за „Публицитет.мк“ секретарот на академијата Мишо Китаноски.
Професoрките Гордана Силјаноска и Мирјана Алулоска – Мирческа, писателите Бранко Цветкоски и Јован Стрезоски, архитектот Јован Стефановски – Жан, режисерот Дејан Пројковски и естраднот уметник Дарко Гелев – Брејк се дел од членовите на Академијата за убави уметности Вевчани што лани беа избрани на конститутивното Собрание.
Целта на Академијата е да го афирмира Вевчани, но и Охридско-струшкиот регион, а со тоа целата држава со својата посебност, историја, карактеристика, обичаи, препознатливост и идентитет.
Академијата на убави уметности работи на повеќе области почнувајќи од културата, науката, уметноста, човековите права, потоа традиција, историја и литература, информатика, технологија и медицина, забава и спорт.
Публицитет.мк