Со улици од висока технологија, Дубровник ќе стане првиот „паметен град” во Хрватска. Проектот е вреден 1,5 милиони куни, а обединува некоку технологии како 4G, оптика и Wi-Fi.
Преку тоа ќе се овозможи брзо и лесно препознавање и регистрирање на прекршоците во сообраќајот. Освен тоа ќе има и најсовремени магнетни паркинг сензори на 30 паркинг места, па возачите пред време ќе знаат дали и каде има слободно место.
Освен за туристите оваа технологија треба да им помогне и на граѓаните на Дубровник, а и да ја поевтини работата на локалните власти.
Дел од придобивките за граѓаните се брзите Wi-Fi хотспоти и многу апликации.
Извор: www.fakotr.mk