Денес неможеме да видиме еден натпреварувач да започне натпревар без да ја облече кацигата, но погледнете пред 100 години како изгледале кацигите и колку безбедност нуделе…
Заштитата и безбедноста на главата е една од најбитните работи во тркањето, што е сосема нормално нели! Но во изминатите 100 години безбедносните кациги претрпеле огромна еволуција се со цел поголема и подобра заштита за возачот. Поточно со континиураното развивање на технологијата, на новите лесни и ултра цврсти материјали како и новите аеродинамични дизајни, така се усовршуваат и самите кациги.
Па да не должиме многу, најдобро е да го погледнете видеото и да ја видите 100-годишната еволуција на кацигите, еволуција која од еден обичен материјал прераснала до ултра лесна и цврста кацига со огромен број на додатоци..