Роботите од ден во ден стануваат се понапредни, а еден робот од Русија успеал да избега од лабораторија во градот Перм. Многу експерти уште сега предупредуваат дека развојот на вештачка интелигенција на луѓето би можел да им се удри од глава, а ова е само еден показател дека можеби се во право.
Инжинер во Промобот, компанијата која го направила, заборавил да ја затвори оградата од лабораторијата па избегалиот робот предизвикал вистински хаос во сообраќајот.
Роботот успеал да помине пет километри од моментот кога излегол од лабораторија, но батериите набрзо му се испразниле и застанал на сред улица. Како што јавуваат од компанијата, роботот е дизјаниран да се движи самостојно, соработува со луѓе и промовира разни производи и настани.
Откако полицијата го пренасочила сообраќјот, работникот на Промобот го вратил „бегалецот“ во лабораторија .
Погледнете го видеото:
Извор: www.faktor.mk