Петокот вечерта во ресторанот „Билјанини Извори“ во прекрасен амбинет и во присуство на голем број партнери, хотелиери, сопственици на кафеани, ресторани и маркети конзорциумот „Вино Жупа – Повардарие“ на интересен и несекојдневен начин ја промовираше својата надалеку позната палета од производи во кои предначат вината, соковите, но и мармаладите и ред друго…
Винарската визба Повардарие од Неготино е најголемиот производител на вино во Македонија и фирма која веќе 50 години успешно одговара на потребите и барањата на различни пазари.
Од 2008 год, ВВ Повардарие е 100% сопственост на Вино Жупа од Александровац – Република Србија, компанија со долгогодишна традиција во производство на храна и пијалоци.Винарската визба Повардарие од Неготино е најголемиот производител на вино во Македонија и фирма која веќе 50 години успешно одговара на потребите и барањата на различни пазари. Во својот состав има производен капацитет од 30 милиони литри вино и дистилерија за производство на жестоки пијалоци со капацитет на производство од 5000-10000 литри дестилат за 24 часа.
Повеќе од 80% од нашето производство е наменето за извоз, се продава како наливно и флаширано вино во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Германија, Латвија …
Умешноста за правење вино на тимот технолози во ВВ Повардарие, техниката и технологија која се користи како и климатските и почвените услови прават нашите вина да бидат препознатливи секаде во светот.
Секое вино си има свое приказна, така и нашето, велат во кусите интервјуа за Публицитет.мк генералниот менаџер на „Вино Жупа“ и „Повардарие“ Горан Станковиќ и генералниот директор на „Повардарие“ Ванчо Кузманов:
СО КЛИК НА ЛИНКОТ СЛУШНЕТЕ ГИ ВО ЦЕЛОСТ РАЗГОВОРИТЕ
На промоцијата во Охрид присуствуваше и претседателот на Собранието на акционери на ВИНО ЖУПА Радимир Шливиќ,како и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески а за се да помине во најдобар ред вечерта се погрижи и регионалниот дистрибутер на производите на ВИНО ЖУПА И ПОВАРДАРИЕ Александар Попоски – АЛПОЈО, Охрид
ФОТО ГАЛЕРИЈА
Милчо Јованоски, Публицитет.мк