Марко Јосифоски е вонреден професор на Музичката академија во Белград – виолината е негов неразделен придружник уште од детството.
Некаде во раните деведесетти годин и од минатиот век, кога Македонија се раздружуваше од некогашната заедничка држава тој го имаше првиот настап во црквата „Света Софија“. Свиреше во рамките на тогашниот „Подиум на млади надежни музичари“ и со потписникот на овие редови го имаше првото интервју.
Нормално е Марко да не се сеќава беше дете,ама контактите со родното село на татко му, во кое патем доаѓаат секое лето, во Косел денес им е омилена дестинација и на неговите деца. Ќерката Ангела има девет, а синот Петар, пет години.
– Ангела веќе свири виолина и добива награди, а Петар се гледа дека има слух и има талент,ама ќе видиме. Ништо нее чудно виднина да направиме Камерен оркестар во кој ќе ни се придружи мојата сопруга и нивна мајка, која предава и свири клавир, вели Марко.
Пред да стане она што е признава дека не бил фанатик кога е во прашање класиката и виолината , но дека од овој инструмент никогаш не се разделил. По основното и средно музичко образование во Белград, тој специјализирал во Швајцарија. Но потрагата по совршенството во светот на музиката го одвеле во САД и Израел. Зад него се многу вредни меѓународни награди и солистички концерти а критиката го вбројува во еден од најдобрите виолинисти на Балканот од неговата генерација. Секако за ова Марко многу малку збопрува во интервјуто, од скромност.
Композиторот Бах го сака поради како што вели филозофската музика.
Јосифоски паралено ја тера педагошката работа и годинава има 10 студенти во својата класа и се радува што можеби наскоро ќе има студенти и од Македонија, ама се подготвува и за нови солистички концерти. На „Охридско лето“ настапи и во 2003 година и сега очекува нова покана. Во меѓувреме за догодина планира една меѓународна летна школа која би се одвивала во Музичкото во Охрид.
И да не откриеме се – со клик на линкот подолу слушнете го интервјуто во целост:
М.Јованоски / Публицитет.мк