Сергеј Костовски ученик во четврта година во ДСУ Спортска Академија, го освои првото место на државниот натпревар МАССУМ за најдобра поетска творба добивајќи сипендија од ФОН Универзитетот за прв циклус студии.
Костовски освои и второ место на 10-от Меѓународен фестивал во проза и поезија „Станислав Препрек“ и трето место на 11-от Меѓународен фестивал во проза и поезија „Михаил Бабинка“.
Сара Џелили ученичка во втора година во ОУТУ „Ванчо Питошески“ освои второ место на 10-от Меѓународен фестивал во проза и поезија „Станислав Препрек“ и на 11-от Меѓународен фестивал во проза и поезија „Михаил Бабинка“.
Едно прво, три втори и едно трето место за учениците вљубеници на пишаниот збор коишто секогаш освојуваат високи награди за нивните поетски творби под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски.
Публицитет.мк