• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Владата денеска на итна седница за поплавите во Тетово

август 4, 2015
in Актуелно

Владата за денеска закажа седница на која ќе бидат разгледани состојбите по поплавите што ги предизвикаа вчерашните обилни врнежи во Тетово.

Како што соопшти доцна синоќа премиерот Никола Груевски кој итно го посети Тетово, ќе се утврдуваат натамошните активности, но најпрво помошта за населението и субјектите.

Според првичните проценки, штетите од поплавите се најголеми во Шипковица. Сосотојбата е лоша и во Голема Речица каде дошло до излевање на реката од надојдените води, а има и информации за жртви.

– Ја посетивме и тетовската болница каде од директорот бевме информирани дека тука биле донесени две починати лица, како и девет повредени, од кои едно е испратено во Скопје поради тежината на повредите и едно е задржано за лекување тука. Жалам што се случи ова, но максимално се ангажирани сите инстутуции и на централно и на локално ниво да им се помогне на луѓето во погодените места, истакна премиерот Груевски откако направи увид директно на терен и поразговара со надлежните и граѓаните.

Груевски во Тетово беше придружуван од вицепремиерот Владимир Пешевски,  министрите за одбрана и МВР Зоран Јолевски и Митко Чавков, како и државниот секретар за транспорт и врски Божидар Петроски кој повика компании од Скопје со кои Владата има склучено договор за вакви ситуации.

На испомoш доаѓаат и оние фирми кои Владата ги има ангажирано за овој регион.

Извор: Република.мк 

 

Посетеност: 111
Share
Previous Post

Големо невреме во Тетовско, пет лица загинаа, од кои две деца, многу повредени

Next Post

ОН цели да се искорени сиромаштијата и справување со глобалното затоплување до 2030 година

Next Post

ОН цели да се искорени сиромаштијата и справување со глобалното затоплување до 2030 година

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 111

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk