Мечето Ушко го прослави шеесеттиот роденден!
Мечето Ушко е анимиран лик познат на многу генерации во Македонија, а се емитува, периодично, и до ден денес (на МРТВ иMinimax Srbija). Епизоди на македонски јазик, обработени и споделени од ентузијасти, можат да се најдат и на YouTube, на повеќе канали. Оваа година, ликот на Мечето Ушко го прослави својот 60 роденден (првото појавување било во полското комично списание за деца “Miś”, на 6 март 1957 година) а последната епизода од анимираната серија беше емитувана пред 30 години.
Гласот на ликовите кај нас го позајми извонредниот и ненадминат Борис Мајсторов. Во Лоѓ (каде што се наоѓа студиото СЕ-МА-ФОР кое ја изработило анимираната серија), во центарот на градот се наоѓа скулптура на Мечето Ушко а оригиналните фигури кои се користеле при снимањето се чуваат во Se-ma-for Muzeum Animacji (SMA).
На фотографијата мечето Ушко кое стигна на домашната адреса кај Владимир
Ова е само една илустрација, во земји каде се почитуваат културните достигнувања, каков третман има лик од анимирана домашна серија, пишува Владимир Трајановски, автор на статијата за Мечето Ушко на Википедија на македонски јазик, кој активно ја следи и Фејсбук страницата на Амбасадата на Полска во Скопје, па тие во знак на благодарност се одлучиле како изненадувањe да му го пратат неговиот омилен лик.
Владимир на Фејсбук напиша: – Упатувам неизмерна благодарност кон Амбасада на Република Полска во Скопје за овој убав гест, за ова пријатно изненадување, кое денеска пристигна на моја адреса.
Кликнете на линкот и прочитајте повеќе за Мечето Ушко.
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B5%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%BE_%D0%A3%D1%88%D0%BA%D0%BE
Публицитет.мк