Од фото албумот „Есен крај езерото“ од Милчо Георгиевски, историчар на уметност и советник кустос во Галеријата на икони во Завод и Музеј од Охрид одбравме само една фотографија, иако сите заслужуваат внимание.
Само есента и острото и прецизно око на фотографот можат да ја доловат вака убаво, жолтата есен во комбинација со охридското синило. Георгиевски, речиси никаде не оди без својот апарат и постојано фотографира. Се надеваме дека на мнозина нашиот избор ќе им се допадне и дека наскоро пак ќе објавиме некоја нова и интересна фотографија во оваа иста рубрика од истиот автор.
Публицитет.мк