
Она што во антика била арената како место за докажување на боречки вештини, ораторски кругови создавани околу патувачките учители исто така, денес е неконтролираниот сајбер простор на кои младите, често сами и без надзор од возрасните, поминуваат доста време. Рингот се преселил на разноразни фарми, реалити шоу програми, но додека ТВ и останатите традиционални медиуми уште и вршат некаква контрола, каква и да е, преку емитување во строго ограничени термини и сл., социјалните мрежи и платформи како Инстаграм, Тик Ток, Јутјуб, се непрегледно поле со мини, потенцијално опасни каде треба да се движите со исклучителна претпазливост. Уште е свежо сеќавањето на „Јавна соба“.
Какво е видувањето на охридските гимназијалци за влијанието, замките, опасностите кои се кријат во сајбер окружувањето, како и позитивноста и придобивките од истиот тој простор ?
Онлајн анкета спроведена минатиот месец во охридската гимназија на 125 испитаници на возраст помеѓу 15 и 18 годишна возраст даде очекувани резултати и некои нови увиди за тоа како младите го перципираат сајбер просторот.
- 83% од испитаниците следат некој инфлуенсер на Инстаграм или се претплатени на некој Јутјуб канал;
- Меѓу имињата кои ги навеле има многу непознати за кои веројатно никогаш не сте слушнале дека воопшто постојат, но влијанието на овие ликови воопшто не е за потценување:
Покрај ликовите од глобалната сцена како Кајли Џенер, сестрите Кардашиан, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и други, да се осврнеме на регионалната и локална сцена, блискоста на менталитетот и јазикот како кохезивно средство.
За Бака Прасе“ (Богдан Илиќ) (со 1,9 милиони претплатници и дестина мииони прегледи, можеме со сигурност да кажеме дека е најпопуларниот и најбогат јутјубер на Балканот (во своите рани 20-ти чии видеа се полни со вулгарности и насилство поради кои многу се прашуваат на што се должи толкава популарност, но тоа е посебен феномен за анализа).
Муџа“ (Стефан Вуксановиќ) (1,61 милиони следбеници), за кој се смета дека е „таткото“ на српската Јутјуб сцена. Тој меѓу првите создаде профил и започна да снима содржина фокусирана на видео игри. Понекогаш објавува и некои рецензии на нови технолошки гаџети, како и семејни моменти (новогодишни прослави, разменување новогодишни подароци и сл.). Сепак, главниот фокус е на видео игри.

Од македонските, тоа се Стефан Рашковиќ или “Steffonator”, Марко “GP” Марковиќ, Никола Ставрески „Ставре“, Гоце GP Цветкоски или Wik Kakarotski, модна блогерка Александра Шијакоска, Ангела Горгиева, Марио Арангеловски, Перо Зеро, популарниот камионџија Дарко Јефремов или познат по името Дарко Влогс, Божидар Николовски, …
- Пресудно за да заследат некого пред се е оригиналноста на објавите и слични интереси;
- На прашање што кај нив ги привлекува ги истакнале хуморот и ведрината, идеите и инспирацијата, самодовербата, следат искреноста и автентичноста итн.
- 93% сметаат дека треба да се работи на градење на свеста и совеста кај инфлуенсерите и јутјуберите за вистинското влијание кое тие го имаат врз следбениците, бидејќи тие се недоволно свесни за одговорноста која ја имаат пред својата публика;
- На прашање „Сметам дека лесно може да се потпадне во замка на“…следат одговори: нерални очекувања за богатење без вложување труд и преку ноќ, негативна идетификација со имитирање вокабулар, експресија, јавување фрустрација поради невозможноста да се постигне посакуваниот статус и др.
- Своето влијание сепак, според 83 % од одговорите инфлуенсерите го користат позитивно, наспроти 17% кои смеаат дека е негативно;
- „Понекогаш се сомневам во нивните мотиви и изјави и сметам дека меѓу нив има манипулатори кои единствено ги интересира добивката поради следното“…: наметливоста,непринципиелноста, неетичноста, контрадикторноста, постојаното повикување на одредени авторитети..;
- „Разликувам и препознавам кога зад пораките и изјавите стои личност поткована со знаење, а кога е тоа површно и се базира на ефект на моментално воодушевување со помпезни и нереални очекувања кои ги провоцира/ат кај публиката“ ? 73% сметаат дека тоа го прават успешно, 29% не се сигурни;
- „Сметам дека нивните активности се корисни“ 54% се согласуваат, 10% сосема се согласуваат, останатите се сомневаат;
- Лично мене ми предизвикале позитивна промена и придонеле за: подобро расположение, мотивација, инспирација, нудење друга перспектива, гледање на работите од друг агол и преиспитување, проширување на видиците, стекнување нови информации и знаења, добивање самодоверба, потикнување за стекнување здрави навики, личен развој, пополнување слободното време,…
- „Лично мене ми предизвикале негативна промена и придонеле за“:
Непотребно губење време, нереални очекувања, зависност од нивните објави, намалување самодоверба поради немање услови и можности да живеат како инфлуенсерите.
Инфлуенсерите преку своите животни стилови и модели на однесување остваруваат силно влијание врз младите. Сон за инстант слава и богатство често на младите им изгледаат на дофат. Самиот збор инфлуенсер (од„influence“, што значи „влијание“),e лице кое на избраниот медиум говори за некој производ, продавница или место или ги подржува, а за тоа е платена, во улога на бренд амбасадор и маркетинг агент.
Несомнено дека дел од нив поседуваат несекојдневна харизма, говорат на јазикот на младите, ги разбираат нивните навики и потреби, дел од нив нудат квалитетни содржини од кои навистина може нешто да се научи. Сепак, ги има многу кои неодговорно пласираат одредени информации.
И додека едните во нив гледаат свои идоли, копирајќи ги и објавувајќи слични содржини на своите социјални мрежи, другите размислуваат како и самите да се испробаат во едно од најбараните занимања на денешнината.
Тие кои критички размислуваат, свесни дека постои разлика помеѓу добри и лоши намери, корисни и банални содржини, се малцинство, ако признаеме дека најголемиот дел од нивната публика ја сочинуваат малолетници, основци и средношколци. Особено основците се лесна мета со нецелосно изграден вредносен систем и неизградено критичко мислење. Одговорноста е голема.
Пишува: Дипл. психолог Алберта Гулицовска од Охрид







