ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат за градоначалник на Охрид Кирил Пецаков најавија неколку проекти за населбите Видобишта, Бараки, Илинден и Црногорци.
-За жителите на населбите Видобишта, Бараки, Илинден и Радојца Новичиќ-Црногорци гарантираме проекти за светла иднина.
Пред жителите на овие населби се обврзуваме на:
Изградба на ново мултифункционално спортско игралиште.
Асфалтирање на улици и краци во населбата Гоце Делчев-Бараки.
Измена и дополнување на ДУП за 11-та и 12-та Урбана Заедница.
Промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците ,,Ристо Чадо” и „Андреја Јованоски”.
Изведба на атмосферска канализација на улиците „Ристо Чадо”, ,,Прва ударна македонска бригада” и „Андреја Јованоски”.
Реконструкција на улиците „Андреја Јованоски” и „Живко Чинго”.
Проекти за кои гарантираме реализација во населба Радојца Новичиќ:
Партерно уредување на коритото на река Сушица.
Промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците „6 Бригада“ и „130“.
Асфалтирање на краци на улиците „Радојца Новичиќ“, „28 Април“, „130“ и „Петрино“, стои во соопштението за јавност на ВМРОДПМНЕ од каде повикаа на 31 октомври, граѓаните да гласаат за нивниот кандидат за градоначалник Кирил Пецаков.
Публицитет.мк