Претставници на Општина Охрид вчера на аеродромот „Св. Апостол Павле“ организираaa свчен дочек на обичен турист претставувајќи ја како принцеза иако, земјата од која што потекнува не е кралство туку република. Големото задоволство на претставниците на Општината е на грбот на мaкeдонскиот народ за сите маки што ги претрпел од предците на таа т.н. принцеза.
Знаат ли од Општина Охрид чиј потомок вчера свечено пречекаа? Дали игнорирањето на годишнината на Охридското востание е добра волја во насока на денешниот пречек?
Дали следен чекор од Општината е можеби иницијатива за подигање споменик на крвникот на македонскиот народ Александар Караџорџевиќ?
Посебно сме заинтересирани околу ставот на ВМРО – ДПМНЕ околу оваа церемонија. Го повикуваме Општинскиот комитет на ДПМНЕ јавно да се изјасни околу овој чин и да се огради од него доколку навистина има идеолошка насока каква што пропагира во јавноста, стои во писмената реакција на ВМРО – НП од Охрид.
Публицитет.мк






