• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

АЛПОЈО ви препорачува: Кафе Lavazza за секој миг од денот!

септември 15, 2016
in Uncategorized

Кафето Lavazza е светски бренд а во регионов го дистрибуира и АЛПОЈО од Охрид. 

 Кафето Lavazza како оисновна линија и сите останати од овој бренд се омилени кај милиони луѓе низ светот, така е и во Македонија. Сте се запрашале кој стои зад компанијата LAVAZZA и како оваа италијанска компанија се наметна на светскиот пазар? 

dubai

До почетокот на 2010 за крал на кафето во светот се сметаше Емилио Лаваца. Еве неколку реда за него: 

Емилио Лаваца во 1955 година влезе во семејниот бизнис основан од неговиот дедо и во 1979 стана претседател на одборот и на оваа позиција се задржа си до 2008 година. Тој цврсто веруваше во моќта на телевизијата и инвестираше многу во маркетинг, со што ја претставуваше компанијата на странските пазари како стандарден снабдувач со италијанско еспресо

Емилио Лаваца, кој предвиде дека истоимената италијанска компанија за пржење кафе ќе стане глобален бренд на кафе присутен во повеќе од 90 земји, почина на 78-годишна возраст, изјави компанијата.

lavaza 1

Лаваца во 1955 година влезе во семејниот бизнис основан од неговиот дедо и во 1979 стана претседател на одборот и на оваа позиција се задржа сè до 2008 година. Тој цврсто веруваше во моќта на телевизијата и инвестираше многу во маркетинг, со што ја претставуваше компанијата на странските пазари како стандарден снабдувач со италијанско еспресо.

Лаваца има 48 отсто од акциите во италијанскиот компанија за кафе и во бизниси низ земјите од Бразил, па сè до Индија. Компанијата е шестта по ред во светот за продажбата на зелено кафе.

favorit

 

Преку АЛ ИТАЛИЈА кафињата Лаваца ќе стигнат до секој патник 

Ал Италија договори тригодишно партнерство со Лаваца, во чие кафе ќе можат да уживаат патниците на оваа италијанска авиокомпанија на повеќе од 150 воздушни линии.

alitalia lavazaa

Инстант кафе со висок квалитет, направено од мешавина на стопроцентни зрна арабика и специјално произведено за авиокомпанијата, ќе биде достапно на патниците од сите класи.На патниците од бизнис класата на прекуокеанските  летови ќе им биде достапна и посебна кафе карта, која нуди три мешавини на еспресо:  iTierra – кафе од органско производство, со карактеристичен интензивен вкус со ноти на чоколадо, потоа  Gran Riservа , кафе богато со ароми и раскошен вкус и Gran Crema, добро избалансирано италијанско еспресо, изјавија од Лаваца.

air journal Alitalia cafe lavazza 1

Според договорот меѓу двете компании, кафе Лаваца ќе се служи и во сите лаунџ-барови на авиокомпанијата на италијанските и меѓународните аеродроми.

Неколку причини за поголемо уживање во кафето

Еспресо, кафе со млеко или шлаг, турско, капучино… кога станува збор за кафе никогаш не е досадно. Особено ако сте во добро друштво. Освен што е одличен пијалак за пријатен разговар и најпопуларно средство за утринско будење, која моќ ја поседува кафето? Многу од нас не можат да го замислат денот без кафе. Дали сте знаеле дека кафето позитивно влијае и на вежбањето затоа што кофеинот поттикнува согорување калории?

air journal Alitalia cafe lavazza 2

Овој црн напиток е богат со антиоксиданси и штити од бројни болести. Кафето го зајакнува духот и телото, ја буди нашата психа, ги стимулира мускулите, поттикнува крвоток и позитивно влијае на нашето помнење. Со кафето добивате и до 30% потребна енергија за тренинзи и за издржливост. Кафето е вистинско оружје за убавина. Пилинг за кожа е одлична можност затоа што ги зајакнува клетките и ја прави кожата глатка и мека. Бројни истражувања покажале дека кафето штити и од рак на кожа. Некогаш ни е потребно само добро кафе со млеко по напорниот работен ден за да се чувствуваме подобро.

Публицитет.мк 

 

 

Посетеност: 110
Share
Previous Post

Значењето и улогата на шумите во светот и во Република Македонија

Next Post

ВМРО – НП: Знаат ли од Општина Охрид чиј потомок вчера свечено пречекаа?

Next Post

ВМРО - НП: Знаат ли од Општина Охрид чиј потомок вчера свечено пречекаа?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 110

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk