Почетокот на пролетта како по традиција во бутикот „Емили“ лоциран во ТЦ „Амам“ е резервиран за фото сесијата преку која се рекламира најновата женска и машка колекција за свечени пригоди.
Манекенките Марија Таштаноска, Изабела Устијаноска, Марија Николовска и Теодора Бундалеска од Битола заедно со Тони Трифуноски и поп изведувачот Боби Мојсовски стрпливо неколку часови позираа пред фотографот Ѓоко Наумоски од охридската Мега продукција.
-Фото сесијата ја организираме со единствена цел јавноста да ја запознаме со нашата понуда во тековната година, во случајот со најновите парчиња текстил за оваа 2016 година. Ние се трудиме да го следиме трендот и да сме чекор пред другите во Охрид и Струга. Направените фотографии ни се потребни за интернет промоција, печатење плакати со еден збор на модерен начин да допреме до потенцијалните купувачи, изјави за Публицитет.мк Милчо Колески, сопственикот на бутиците ЕМИЛИ во Охрид и Струга.
И додека пристигнат професионалните фотографии ние бевме само малку време во манекенскиот филм и еве неколку работни фотографии кои ја навестуваат севкупната убавина собрана на едно место – во бутикот ЕМИЛИ.
Публицитет. мк