• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА „БИЛД“ Јункер бара Србија и Македонија да престанат да пропуштаат бегалци

октомври 25, 2015
in Актуелно

Балканските земји, кои се наоѓаат на предната линија на бегалската криза треба да ја сменат политиката на пропуштање на мигрантите, изјавил Жан Клод Јункер во интервју за германскиот весник Билд.
Денеска на мини-самитот во Брисел посветен на бегалската криза повикани се и Србија и Македонија.
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер вели дека „земјите кои се наоѓаат на патот од Балканот кон Запад, а кој се претвори во еден од главните патишта на мигрантите кон Европа, треба да се грижат за гарантирање на процедурите и условите”.

Јункер на учесниците на самитот во Брисел веќе им испратил план од 16 точки.

„Секој ден е важен. Ако не се најде решение наскоро ќе видиме цели семејства како умираат на ужасен начин во ладните реки на Балканот”, предупреди Јункер во интревјуто за „Билд“.

Од почетокот на годинава повеќе од 500.000 бегалци влегоа во Европа преку Балканот.

Вчера во Софија лидерите на Бугарија, Романија и Србија порачаа дека се спремни да ги затворат своите граници, доколку тоа го направат Германија и Австрија за да го сопрат приливот на бегалци. Српскиот премиер Вучиќ кажа дека сите три земји се договориле дека не можат да прифатат сценарио според кое во Србија би биле сместена два до три милиони бегалци.

Денеска на средбата во Брисел ќе учествуваат шефовите на Австрија, Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Унгарија, Романија, Холандија, Словенија и Шведска, членки на ЕУ и на Македонија и Србија.

Од Македонија во Брисел ќе присуствува претседателот Ѓорге Иванов. Според предлозите за заклучоците од денешниот состанок, сите земји треба да се обврзат дека ќе престанат со политиката на пропуштање на бегалците без претходно за тоа да се договорат со своите соседи.

Извор: мкд.мк 

Посетеност: 188
Share
Previous Post

Маргица Антевска „Доста сме се лажеле“ ја пеевме во „Опатија“ 1975

Next Post

Експертите укажуваат и прашуваат: Колку зимски, спортско – рекреативни центри и се потребни на Македонија?

Next Post

Експертите укажуваат и прашуваат: Колку зимски, спортско - рекреативни центри и се потребни на Македонија?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 188

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk