• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Македонски-Незаборавни

Маргица Антевска „Доста сме се лажеле“ ја пеевме во „Опатија“ 1975

октомври 25, 2015
in Македонски-Незаборавни

Во нашата рубрика „Македонски – Незаборавни“ денеска ја поканивме своите сеќавања со нас да ги сподели познатата интерпретаторка Маргица Антевска од Куманово. Таа зад себе има над четири децении активен живот на македонската естрада. Започнала со македонските забавни,а подоцна публиката ја памети по извонредните изведби на стари македонски и новосоздадени рефрени. Сеќавањата се како река. Маргица со задоволство ја прифати нашата покана и своите емоции ги сподели на овој начин.

 

 

   „ Јас и почетоците со пеењето. За мене едно одамна минато време, кога со песната на Ширли Бејзи„Не ме напуштај“добив виза за влез на музичката сцена во Македонија. Настапував со забавни мелодии од кои прва снимка за Радио Скопје ми беше „Еден ден кога ќе се вљубам“од Љупчо Константинов. Така започна мојот пат кон една волшебна и посебна професија која ми беше всадена како наследство , преку корените од мајка ми и татко ми … тие пееа во хорот„Илинден“ во Куманово.

Јас продолжив да настапувам паралелно со училиштето , а подоцна и со факултетот. Тоа беше времето на Скопските фестивали 71, 72 година и награди. Со патувања до Белград во мамутската серија „Максиметар“ во која го освоив третото место во конкуренција на изведувачи од цела поранешна Југославија.Шоуто го водеше популарниот актер Драган Николиќ…

 

margica Маргица денес 

По овој воед да се навратам на поводот за ова Ваша покана да ги “распостелам“ своите сеќавања во однос на мојата музичка кариера – песната „Доста сме се лажеле’ . Тоа беше вака… Песната ја добивме од композиторот Славе Димитров а текстот е од познатиот Ѓоко Георгиев. Така можеби случајно или пак намерно којзнае , како што работите всушност и се случуваат јас и групата „БО –МИ “ од Куманово ја сложивме песната.

Можете да претпоставите името на групата беше кратенка од името и презимето на познатиот и за жал прерано починат композитор Миодраг Божиновски, за кого делата зборуваат. Тој беше еден од најталентираните македонски композитори,а во групата членуваше и брат му Мирослав и една млада девојка Јасминка, која потоа никогаш повеќе не ја сретнав на естрадата. Беше февруари , фестивалот „Опатија “ 1975 година во сиот свој сјај… Кристалната сала на хотелот „Кварнер“ … Ех како вчера да беше.

Здивот ни го одземаа морето, песната , младоста. Се претставивме солидно . Не се сеќавам кој победи таа година и кој беше претставник на „Песната на Евровизија“ ( тогаш во Опатија се избираа претставниците , „Пепел и крв“ со „Денот на љубовта“ беа југословенски претставници, н.з).

margica koncert Од концертот 40 години Маргица на естрада

 

Но ние бевме пресреќни и со самото тоа што се најдовме во еден круг кој за нас дотогаш беше само сон… Така настана и спотот кој е поставен и на Вашата страница . Со бротчето по Јадранско Море снимен за време на фестивалот. Сиот тој сјај не тераше да се прашуваме: Дали ова е сон или јаве?

Си дојдовме дома … Зима, студено во нашето Куманово, но во срцата носевме топлина која мене еве и до денес ме грее. Можеме да се сеќаваме на младоста , можеме да бидеме исполнети со духот на едно неповратно време ама песната останува. Таа е факел , ќе гори … за сите оние кои ја создадоа, но и за оние кои еве и денес сакаат да се потсетат на неа, вели Антевска.

Забележал: М.Јованоски / Публицитет.мк

Посетеност: 192
Share
Previous Post

Росица Голабоска, новинар: ,,Да не страдаш од нешто? Да, од биење на срцето.‘‘ – Прличев

Next Post

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА „БИЛД“ Јункер бара Србија и Македонија да престанат да пропуштаат бегалци

Next Post

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА „БИЛД“ Јункер бара Србија и Македонија да престанат да пропуштаат бегалци

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 192

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk