Во Култура 365“ во Охрид се рецитираа „Сердарот“ од ловороносецеот Прличев и наградените творби од конкурсот „Охрид, Прличев и јас“
Вака учениците од охридските основни училишта го дадоа својот придонес во достојното одбележување на годишнината од доделувањето на ловоровиот венец на Прличев.
Еден од членовите на жири комисијата која ги оценуваше творбите, охридскиот автор Смиле Наумоски, се осврна кон изборот на најдобрите дела, а писателот Тоде Илиевски зборуваше за ликот и делото на Прличев.
Со рецитал настанот го збогати Арифа Малоска, минатогодишна победничка на општинскиот натпревар за рецитирање и ораторство.
Во рамки на литературниот конкурс, третото место ѝ припадна на Ивана Трајкоска од ОУ „Братство Единство“, второто место го освои Сара Палитова од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец, а првонаградена беше Елена Лангоска, исто од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец.
Во категоријата на возрасни учесници, наградена беше студентката на Филолошкиот факултет Емилија Карафилоска.
Покрај литературен дел, конкурсот „Охрид, Прличев и јас“ имаше и ликовен дел при што награден беше цртежот на Фросина Трајкоска од ОУ „Кочо Рацин“.
Целиот овој настан беше во организација на Младинскиот совет – Охрид.
Публицитет.мк