Завчера во просториите на КИЦ Култура365 се оддржа комеморативен настан “28 години од смртта на холандскиот писател А. ден Доолаард”. По тој повод беше организиран овај културно-информативен настан од отворен карактер каде што беше истакнат животот и делото на овој холандски писател и неговата улога во промовирањето на Охрид и Македонија во светот.
Се дискутираше за неговата важност и културното наследство кој тој го остава зад себе.
На настанот присуствуваше градоначалникот на Општина Охрид како и претставници од Холандија, Франција, Германија, Англија и многу други љубители на пишаниот збор.
Организаторот на овој настан Крсте Пурцов ни најави дека ова е само еден од многуте културно-информативни настани кои ке следуваат во летниот период како и постоечката културна манифестација ЛУНУС – Летни Уметнички Ноќи на улица Самуилова. Ни истакна и дека во следниот период ќе има и настани каде што ќе земат учество поети, писатели и културни дејци од други земји. Во чест на Мишо Јузмески ќе продолжиме со настани од ваков карактер како и промовирање и афирмирање на градот Охрид низ светот – изјави Пурцов.
А веќе овој четврток на 30 јуни следува промоција на детскиот стрип ‘’Бестрашниот’’ од Дарко Богданов, а како промотер на настанот ќе биде охридскиот писател Јордан Коцевски.
Настанот ќе започне во 20:00 часот.