Во Куманово во пресрет на Денот на жената Форумот на жени на СДСМ го организира Маршот под мотото: ЗАЕДНО МОЖЕМЕ! СО ЉУБОВ ЗА МАКЕДОНИЈА!
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска присуствуваше на Маршот во чест на 8 март, што традиционално го организира Форумот на жени на СДСМ.
Претседателот на СДСМ, Заев посочи дека Република Македонија успешно се гради во едно општество за сите, во кое што жените имаат и мора да имаат значајна улога.
„Кога во нешто силно се верува, тоа се остварува. Создадовме едно цело, сите, и жени и мажи, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, други – едно општество за сите. Општество на кое му се потребни различностите, затоа што такво е успешно, така може да се надминува и развива себеси.
Жените се неопходни во сите процеси што ги отворивме во општеството, и како наставнички и како негувателки и професорки, и како лекарки и како медицински сестри, и како работнички и како бизнисменки, и како земјоделки, и како судијки, и како новинарки, и како градоначалнички, и како министерки, и како домаќинки, и како ангажирани во јавниот и општествен живот, затоа што основната клетка на едно општество е семејството“ рече во обраќањето претседателот Заев.
„Денеска сме гордо и храбро застанати и чест ни е да кажеме дека сме дел од парламентарно мнозинство и Влада која се труди една по една да ги поправа неправдите, да ја враќа жената на местото коешто ѝ припаѓа и да ги крши табуата и стереотипите со кои не малтретираа сите овие години. Тоа не го правиме со флоскули, ниту со платени реклами, тоа го правиме преку промени коишто сакаме да се случуваат секој ден и да влијаат на животот на секоја жена и секој маж во оваа држава“, порача заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во своето обраќање на Маршот во Куманово, во чест на 8. Март.
„Од овој плоштад заеднички испраќаме порака дека Македонија се промени и стана едно општество на еднакви граѓани и граѓанки“, порача генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски во обраќањето на Осмомартовскиот марш во организација на Форумот на жени на СДСМ.
Координаторката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова во своето обраќање на Осмомартовскиот марш во организација на Форумот на жени на СДСМ посочи дека за неколку месеци колку што СДСМ ја има власта направени се сериозни чекори коишто ги подобруваат правата на жената во Македонија.
Извор: www.sdssm.org.mk
Публицитет.мк