Музејот на восочни фигури „Мадам Тисо“ во Лондо ги раздели восочните фигурни на Бред Пит и Анџелина Џоли откако одекна веста дека по две години брак, тие се разведуваат. Двојката која претходно десет години беше во врска уште официјално не ги соопштува причините за разводот.
Восочните фигури на холивудските ѕвезди Џоли и Пит, кои беа поставени во 2013 година, сега се на „пристојна оддалеченост“ една од друга.
Анџелина сега и прави друштво на Никол Кидман, додека Бред е покрај својот колега, со кој повеќе пати играше Могран Фримен.
Се зборува дека француската актерка Маријон Котијард е главната причина за разводот. Бред со неа го снимаше филмот “Светска војна З“.
Во исто време француската актерка Марион Котијар негираше дека имала љубовна или каква било друга врска со Бред Пит за време на снимањето на најновиот нивни филм. Котијар додаде дека се почувствувала скршена поради гласините дека токму таа е причина за разделбата на Бранџелина.
Богатството на двојката се проценува на 400 милиони долари, од кои повеќето се недвижнини, а пред бракот тие не потпишале предбрачен договор. Џоли бара старателство над сите шест деца и целокупниот имот, додека Бред барал заедничко старателство.
Публицитет.мк