Утре, четврток, во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирани проектите: „Звучна библиотека 1,2,3’.
За проектот кој е финансиран од Министерството за култура на РМ ќе говорат директорката Александра Белевска и Елена Долоска, носител на проектот. Промотор ќе биде Милчо Јованоски, кој воедно е уредник на проектот започнат во 2014 година.
Се работи за девет романи – книги од познати македонски и роднокрајни автори кои оставиле траен белег во богатата македонска книжевна историја кои се преточени во девет звучни изданија. Наратори на книгите се Елена Долоска и Сузана Стојкоска.
Публицитет.мк