• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, септември 10, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Во Охрид Македонија, Австрија, Унгарија и Србија потпишаа меморандум за справување со мигрантите

септември 4, 2015
in Актуелно

Околу 5.600 бегалци влегле вчера од Грција во Македонија, што е значајно зголемување во однос на претходните денови и укажува оти се повеќе мигранти доаѓаат кон Европа, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР). „Тоа е апсолутно драматична ситуација. Македонија и натаму е транзитна земја во која мигрантите влегуваат со намера да го продолжат патот кон Западна Европа, изјави портпаролката на УНХЦР Мелиса Флеминг. Се проценува дека само во последните два месеца, од Грција во Македонија влегле над 60 илјади мигранти.

Со цел заедничко дејствување врз се’ позачестените миграциски појави, денеска во Охрид беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Македонија, Србија, Австрија и Унгарија. Министерот за внатрешни работи Митко Чавков информираше дека за еден ден четири илјади мигранти влегле во земјава и се прават максимални напори за нивно соодветно прифаќањето, регистрацијата и третман. „Се преземаат вонредни активности кон јужната граница со цел амортизирање на овој проблем“, вели Чавков. 

Според него, начинот на кој во моментов земјава се справува со овој предизвик чини многу пари и е од национален карактер. „УНХЦР, ИОМ, Црвениот крст, домашните невладини организации даваат значителна помош во згрижувањето на мигрантите и во обезбедувањето хуманитарна и медицинска помош, но како држава сме оставени сами да се справуваме со состојба настаната не по наша вина и од регионален аспект, предизвикана на делот од државната граница со држава- членка на ЕУ. За успешно долгорочно справување со оваа состојба неопходно е итно синхронизирање на националните и планирање и преземање на заеднички чекори на сите засегнати земји од регионот“, додаде министерот. 

Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер изјави дека ваквата миграциска ситуација во овој момент не ги засега само членовите на ЕУ, туку и земјите од Западен Балкан, како што се Македонија и Србија.

„Убедени сме дека ќе обезбедиме еден подобар процес за заедничка соработка. Пред нас е еден голем предизвик со кој не ги поддржуваме само нашите партнери од Западен Балкан, туку ги поддржуваме сите наши европски соседи и членки. Во Австрија 300-500 луѓе дневно поднесуваат барање за азил, тоа значи дека до крајот на годината ќе имаме околу 80 илјади барања за азил. Имаме и илјадници бегалци од ден во ден, што ги примаме и се грижиме за нив. Мораме да работиме како заедница со цел да изнајдеме решение за овој проблем. Затоа не ни треба помалку Европа, туку ни треба повеќе Европа за решение на оваа ситуација“, рече Лајтнер.

Подготвеност за соработка со сите европски земји изразува и Србија, при што министерот Небојша Стефановиќ, истакна дека се спремни да повлечат дел од мигрантите кои би дошле во нивната земја.

„Би сакале да бидеме дел од решението на проблемот, но исто тоа се очекува и од другите држави-членки на ЕУ, кои би требало да покажат доволно солидарност кон луѓето што доаѓаат и да соработуваат со земјите кои веќе преземаат голем дел од товарот. Ова не е проблем што брзо ќе помине, имајќи предвид дека доаѓа зима, мораме дополнително да се подготвуваме за зимски услови. Очекуваме голема помош, пред се’ финансиска, но и помош во секаква друга смисла за да успееме да бидеме добри и ефикасни како што сме биле досега. Ова е прашање за кое Европа мора да се изјасни што поскоро“, додаде Стефановиќ.

Меѓусебната соработка со македонската и унгарската полиција ја потенцираше и унгарската министерка за внатрешни работи Kристина Берта, која истакна дека се работи за европски проблем и се очекува европски одговор.

„Се’ додека не најдеме таков одговор, сметаме дека секоја држава членка на ЕУ и во шенген-зоната е обврзана да ги исполнува обврските. Во Унгарија до овој момент годинава побарале азил над 150 илјади луѓе и секако тоа е голема обврска за Унгарија. Знаеме дека не можеме секогаш да најдеме најдобри решенија, но се обидуваме да бидеме што повеќе ефикасни и за бегалците да обезбедиме заштита во рамките на меѓународните конвенции“, рече унгарската министерка.

Извор: Утрински весник 

Посетеност: 97
Share
Previous Post

Од идната туристичка сезона чартери Белгија – Охрид со „Томас кук“

Next Post

Уметникот Ѓорѓи Крстески отвори самостојна изложба во Робевци

Next Post

Уметникот Ѓорѓи Крстески отвори самостојна изложба во Робевци

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 97

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk