Јавноста, благодарение на Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид денеска – петок од 11 часот на градскиот плоштад ќе може да ја види изложбата на подводни фотографии.
Автор на фотографиите е меѓународниот инструктор по нуркање Милутин Секулоски од Охрид.
-Охридското Езеро крие големи тајни во себе. Што има во неговата длабочина? Знаат научниците, биолозите, нуркачите. Тоа со децении е нивен интерес. Езерото е непресушен извор за нивната истражувачка работа во кое има за секого по нешто. Но пастрмката е на пиедесталот. Таа е првата асоцијација за милениумски старото Охридско Езеро, вели Секулоски кој лани по пет години подготовки, снимања и монтажа во Охрид го промовира документарецот „Танцот со пастрмките“. Филмот беше поздравен со аплаузи од публиката, особено сцената на бакнежот помеѓу нуркачот ( Милутин) и пастрмката.
Публицитет.мк