Вечерва, во 18 часот, во галеријата при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложбата „Москва денес“.
Изложбата се базира на официјалните фотоматеријали доставени од Москва, го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина. На неа ќе бидат претставени реновирани знаменитости по коишто е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, како и можностите за развој на туризмот, спортот, образованието и културата што ги нуди еден од најголемите градови на земјата.
Изложбата „Москва денес“ се одржува во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Русија и Македонија и е во организација на Амбасадата на Русија и руската државна агенција „Россотрудничество“, почесниот конзулат на Русија во Охрид, Музеј на град – Скопје и НУ Завод и музеј – Охрид.
Публицитет.мк