Во рамките на активностите за годинешното чествување на Патрониот празник, денес во ОУ,,Ев.Климент Охридски“-Охрид, се одржа работилница за изработка на предмети со зимски и новогодишни мотиви, наменети за продажба , која традиционално се одржува пред свечената приредба во НУ Центар за култура,,Григор Прличев“.
На работилницата зедоа учество учениците од прво одделение, родителите и одделенските наставнички, Виолета Илиевска и Наташа Танеска.
Од материјалот набавен до сите учесници во работилницата произлегоа многу интересни и креативни творби. Работилницата помина во пријатна атмосфера, дружење и соработка на сите учесници.
Публицитет.мк