Со дефиле по старата чаршија и настап кај Стариот чинар и на Градскиот плоштад во петок од 19 часот започнуваат 27-те Охридски староградски средби.

Охридски староградски средби е фестивал во организација на Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид што ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува старите, добри, градски, музички традиции.
Годинава ќе настапат вкупно 14 ансамбли, групи и хорови од Охрид, Крушево, Битола, Прилеп, Гевгелија, Кратово, Струга, Струмица, Штип и Богданци.
Свеченото отворање на фестивалот е во 20 часот при што свои обраќања ќе имаат м-р Драгана Боцеска, Директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид и претставник на Општина Охрид.

Влезот за фестивалот е бесплатен, а организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија.
Публицитет.мк