На 4 септември во петок ансамблот „Билјана “ од Охрид на локалитетеот Сараиште ќе го одржи традиционалниот годишен концерт.
-Овој пат ќе свириме песни од нашето ново це-де што треба да излезе наскоро Гостинка на концертот ќе ни биде Мартина Костова вокал во Ансамблот Танец. Ги каниме сите вљубеници во убавата македонска музика заедно да уживаме во езерската убавина и убавите македонски староградски песни,вели за Публицитет.мк Јован Поп Стефанија, член на „Билјана“
Публицитет.мк