• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Во сабота е „Охридскиот пливачки маратон“

август 24, 2015
in Актуелно

Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи на 29 август 2015 година ( сабота) на патеката „ Климе Савин“ , од манастирскиот комплекс „ Св. Наум“  до градското пристаниште, во должина од 30 километри. Организаторите на годинашниов 29. маратон, Меѓународната пливачка федерација-ФИНА, Македонската пливачка федерација, Општина Охрид и Капетанијата на пристаништата, велат дека финишираат подготовките за најголемиот меѓународен пливачки настан во Република Македонија.

На Охридскиот пливачки маратон, според пристигнатите пријави, ќе  учествуваат 24 маратонци од кои 12 мажи и 12 жени од Македонија, Аргентина, Италија, Венецуела, Бразил, Бугарија, Канада, Германија, Хрватска, Русија и Шпанија. На ова големо натпреварување, на која ќе учествува светската маратонска елита, на освојување на високи места претендираат и македонските пливачи Томи Стефаноски и Евгениј Поп Арсов.

Општина Охрид, како домаќин и  соорганизатор  на пливачкиот маратон ги интензивира подготовките за засилена логистичка поддршка, како што тоа го правеше во изминативе неколку години. Во соработка со Сојузот на спортови , охридската капетанија и јавните претпријатија, Општина Охрид, и годинава  застанува зад целосната техничка организација  на маратонот. Тоа значи   поддршка околу организацијата  во поглед на чамци за придружба, контролни чамци, глисери, бродови, водител, културно –уметничкиот дел на  манифестацијата која се однесува на моментот на  пристигнување на  пливачите, нуркачи, спасувачки  екипи  и друго.

Охридскиот пливачки маратон, за Локалната самоуправа  е од посебна важност бидејќи е настан од светски рамки, преку кој се афирмира Охрид како  развиен туристички центар кој треба да се посети. Токму затоа, Општина Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески, постојано апелираат до охриѓани и граѓаните на Република Македонија масовно да ја посетат оваа  манифестација, зошто фото и видео материјалите од овој спектакл се прикажуваат на медиумите во голем број земји во светот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Посетеност: 147
Share
Previous Post

DW: „Колку ќе постигнеме напредок во реформите, толку ќе ни бидат подобри односите со Германија“

Next Post

На врвот – во магла, пишува : Александар Ставрески, „Г 5Д“ архитект

Next Post

На врвот – во магла, пишува : Александар Ставрески, „Г 5Д“ архитект

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 147

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk