• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 27, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Во Скопје во петок се отвора традиционалниот „Зимски салон“

февруари 15, 2018
in Во светот на уметноста
Во Скопје во петок се отвора традиционалниот „Зимски салон“

Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура на Р. Македонија и во соработка со Национална Галерија на Р. Македонија утре – петок ќе го  отвори 17-то издание на „Зимски салон“ во Национална Галерија објект – Чифте Амам со почеток во 20 часот.

„Зимскиот Салон“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија-ДЛУМ е врвна ликовна манифестација и единствена од тој вид во нашата земја. Замислен и основан во 1991 година како ликовна посебност со свои правила и критериуми и прифатена во културниот живот со огромен интерeс и голема медиумска поткрепа.

Денешната физиономија на „Зимскиот Салон“ ги има задржано основните карактеристики: професионалност, строга селекција на учесници, квалитетен каталог и соодветна медиумска покриеност. Почнувајќи од 2003 година, наградата „Гранд-При“ (престој во атељето на„Citè des Arts“ во Париз) ја овозможува Министерството за култура на Република Македонија, а од 2006 година ДЛУМ вградува уште еден критериум а тоа е конкретна тема на „Зимски Салон“, со што ги ангажира уметниците на индивидуален творечки чин. Од 2009 година оваа манифестација прераснува во меѓународна.

Годинешниот „Зимски Салон“ е XVII по ред, селектор е српскиот историчар на уметност г-дин Никола Шуица, а зададената тема гласи „СПЕКТРАЛНИ МАСТА“.

На изложбата учество ќе земат Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ, Исмет Рамиќевиќ, Тања Балаќ, Ангел Миов,Ирена Паскали, Катерина Таневска, Филип Фидановски,  и многу други автори од земјава како и автори од странство меѓу кои  Дерек Огбурн од Велика Британија, Андреа Иса од Германија ,  Иштван Хоркаи од Унгарија, Мерцедес Братош од Хрватска, Марија Ќалиќ од Србија и други.

 

Зимски салон Скопје – Февруари 2018 година

СПЕКТРАЛНИ МЕСТА

~ Предизвици на претставениот простор ~

Интернационалната изложба Зимски Салон која во организација на Друштвото на ликовни уметници се одржува овој февруари во Скопје, всушност дефинира еден интересен збир на настојувања со кои преку ликовната композиција, на секој начин дозволува да се приближиме до различните сеназации поврзани со просторното дефинирање. Просторното дефинирање всушност е и дел од нашиот егзистенцијален, суштински и пренослив образец. Во овој современ свет и околности на живеење, тоа е всушност доказ за скромност, дигитална сигурност и мерки кои се префрлени во технолошки рефлекс дури и порано од календарскиот влез на предизвиците на 21-от век. Доказите за верувањето се наоѓаат во обновените сомнежи во буквално сè што постои околу нас, без разлика дали се работи за извонредната сигурност на графизмот и текстурата, за различните конструкции и емисии, за експанзивната популарна култура на непостоечка дискреција на човекот, но и за сето она што се нарекува нов доказ на замор и едноличност кои за жал го презаситуваат денешниот современ свет на веќевидените човечки односи.  Спектралното или имагинативното позиционирање на местата, амбиентите и центрите на создадениот уметнички објект се всушност реконструкција на уметнички или археолошки пример на веќе пронајдениот артефакт од минатото, кој во различни пристапи ни ги приближува размислувањата кои доаѓаат од креативната потсвест. Не сме далеку од вистината кога велиме дека есенцијална окупираност на визуелната уметност во 21 век, каде што примерите на подвижни слики, автоматски или наследни перцепции се составен дел на уметничкото искуство, па дури и кога има простор, гледна точка или место на работа кои што не припаѓаат на што не му припаѓа на анимацијата или т.н. видео уметност.

Главно фокусирана на прашањето за дејствувањето и имплозијата на физичкиот простор во границите на нејзинот медиумско претставување, изложбата во импозантниот камен амбиент на Чифте Хамам има за цел да ги подреди сите различни и интригантни детали. Прикажани се различни теми инспирирани од експонати, материјализирани неподвижни или виртуелни слики, аспекти на телото но и разни аспекти на композиционата експресија. Оваа изложба има за цел да ги обедини аспектите на разбирање, а просторот да го претстави како физичка местополжба. Самата локација – за уметниците е поврзана со оддалечена или имагинарна топографија – на реални места и локалитети врзани за пост-историското искуство на денешницата. Во неа фројдовскиот заклучок и резиме на “недостатоците во културата” се свртуваат кон препознатливите аспекти кои што сите ги споделуваме: траума, опасност и разбирање на неизвесноста и апсурдноста, кои почнаа да стануваат сѐ позабележливи во првата деценија од 21 век, а денес истите тие демонстрираат внимание и афект како единствени сојузници на уметникот во сѐ поостри и поапсурдни геополитички проспекти.

Соочувањето со денешните простори не може да ги избегне оптималните технолошки компромиси кои всушност се модус на очекувано однесување во физичките и информативните простори, но исто така претставуваат и солидни имагинативно конструирани и виртуелни концепти.

Поставувајќи го фокусот на психолошки, веќе доживеани но и провокативни резултати, оваа селекција ги обединува и им дава важност на различните аспекти и пристапи во дефинирањето на местоположбата, локацијата, реалниот и имагинарниот простор, како константен предизвик на уметничко ниво(не дискутирајќи за висниата на истото) кој секогаш ќе биде предмет на поединечни сензуални изразувања.

На оваа изложба доловени се временско-просторни јазли, кои наликуваат на сликовити поглавја, давајќи го фокусот на визуелната и уметничката сугестија насочена кон ориентационите, сензуалните и различните искуства на современите креатори, како во Македонија, така и во регионот.

“Спектралните Места” – во рамките на исчезнатите молекули на водата на Чифте Хам од минатото, за имагинарниот поглед на посетителот на денешницата стануваат ситуациона експозиција (сега и тука) составена од компресија, меморија, локација но и непознатост за креаторите на веќе запомнетата местоположба. Баш како и древната игра на цивилизацијата, поставувањето на изложбата може да биде проследено со индивидуални насловни целини, именувани по психологијата на перцепцијата и потенцијалот: помнење / вдишување / копнеж / замислување/ кои во рамките на тензичниот, современ, реален физички простор, прикажуваат доказ за нашите општи барања кои се во рамките на уметничкиот опус.

Никола Шуица, Професор на Факултетот за ликовна уметност, Универзитет за уметност, Белград

Публицитет.мк

Посетеност: 62
Share
Previous Post

Градоначалникот Стојаноски во посета на ОУ „Григор Прличев“

Next Post

АЛПОЈО – Охрид: Семките од тиква се моќен извор за Вашето здравје

Next Post
АЛПОЈО – Охрид: Семките од тиква се моќен извор за Вашето здравје

АЛПОЈО - Охрид: Семките од тиква се моќен извор за Вашето здравје

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 62

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk