Утре во 19 часот во Спомен куќата на Христо Узунов ќе биде отворена изложбата ПОЛСКАТА ШКОЛА НА ПЛАКАТ
Во Охрид ќе бидат изложени дела од најистакнатите Полски автори на плакатот од таканаречениот Златен период на полскиот плакат од 1950 година до денес, вели м-р Сашо Блажески,кустос за Современа уметност во заводот и Музеј во Охрид. Подготвувајќи ја изложбата во Охрид тој ќе напише: -Доцните педесети и шеесеттите години на 20 век се таканаречените Златни години на Полскиот плакат. Воедно со надежта за ослободување од Советското влијание по 1956 година и со подобрувањето на животниот стандард плакатот се развива во еден особен правец на комуникација на уметнк-публика. Полскиот плакат е еднинствената дозволена форма на уметничка екпресија а благодарение на Полските графичари Полска станува светски позната по уметноста на плакатот. Полскиот плакат достигнува ниво на национална уметност благодарение на екстремно талентираните графичари како Томашевски.Леница, Мајевски, Млодожењец, Старовјејски, Швјежи и многу други.
Многу години со ред ниту еден јавен настан, филм , фестивал, концерт,театарска престава не е презентиран без присуство на плакат. Во 1966 година се оджува првото меѓународно биенале на плакат во Полска за две години подоцна во Варшава да се отвори првиот музеј на плакат во светот, Музејот на плакатот во Виланов како дел од Националниот Музеј во Варшава чија колекција брои 55.000 дела и воедно е една од најголемите колекции на плакат во светот. Овој период на процветот на полската школа трае до 1980 каде настапува периодот на движењето солидарност(1980-1990) година, а потоа периодот на трансформација од 1990 година па се до денес.
Силниот персонален гест , комбинацијата сликарската естетика со едноставната метафора претставуваат основните карактеристики на полскиот плакат со кои полската школа ќе стане пионер во замаглувањето на дистинкцијата помеѓу дизајнерот и уметникот. Преку сугестивната моќ, интелегентните комбинации на зборови и слики ,употребата на живописни бои извлечени од народниот фолклор и креирањето на инвентивна метафора ќе извршат значително влијание врз светската естетика на плакатот и графичкиот дизајн, пишува м-р Блажески.
Публицитет.мк