Во недела на 31 јули во Струга ќе се одржи втората меѓународна кајакарска регата “Илинденски Спринт”
Технички организатор на регатата е Кајакарскиот клуб „Дрим“ од Струга , во организација на Кајакарската Федерација на Македонија поддржана од Агенцијата за млади и спорт.
Натпреварите започнуваат во 9 часот а ќе се натпреваруваат околу 15 клубови од 4 држави: Македонија, Србија, Бугарија, Турција,во 4 категории (пионери ,кадети, јуниори и сениори) во две дисциплини К1(кајак едносед) и К2(кајак двосед) во машка и женска конкуренција.
Публицитет.мк